Со ‭отворање ‬на летната сцена ‭„‬Славиша Кајевски‭“ МНТ ја започнува сезоната

Македонскиот народен театар, најавува дека претстојната сезона 2024/2025 год. свечено ќе биде започната со отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“.

Летната сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), именувана во чест на актерот Славиша Кајевски, кој ни замина прерано на 39 години во декември 2021 година, ќе биде свечено отворена на 17 септември и ќе функционира до 1 октомври. Оваа нова сцена, креирана како одговор на барањата на публиката, ќе дебитира со претставата „Црнила ремикс“ – хип-хоп интерпретација на класичното дело од Коле Чашуле, режирана од Јордан Симонов и продуцирана од Младинскиот културен центар (МКЦ).

Во програмата ќе се најдат и стендап настапот на Сашко Коцев „Широк дијафазон“, претставата „Мој термин“ на Синиша Евтимов, како и настапи на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, како и на Пијан Славеј. Завршницата на оваа културна авантура ќе биде одбележана со концерт на Националниот џез оркестар, кој ќе ги изведе безвременските хитови на „Битлс“.

- Реклама -