Јелена Ѓоковиќ во бикини | NetPress


Сопругата на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, важи за дама со стил.

Таа со својот стил на облекување редовно е инспирација за другите жени, а особено ја обожаваат умереноста и природниот изглед кој го негува со години.

Јелена најчесто ја гледаме дотерана, а нејзината фотографија во костим за капење е вистинска реткост.

Таа во една прилика на својот Инстаграм објави прекрасен момент од плажа со што ги воодушеви нејзините следбеници.

Нивниот малечок син Стефан Ѓоковиќ ја фотографираше својата мајка видно среќна и насмеана на плажа со пунџи на главата, а Јелена го опиша овој момент.

– Стефи сега е во фаза кога сака да се слика, а не само ние да го сликаме. Тој отсекогаш бил ѕвезда, а сега сака да ја држи камерата. Кога ја фотографира мама, мама е најубава на светот! Додуша, можете да видите само некои делови од мене бидејќи кога слика, слика прст, рака, една нога, песок… и така натаму – напиша Ѓоковиќ и ги насмеа луѓето.

- Реклама -