Јули 2024 година е втор најтопол во историјата на мерења температури

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82


Минатиот месец беше втор најтопол јули досега, со што заврши 13-месечната серија во која секој месец беше најтопол, што делумно беше предизвикано од глобалното затоплување поради климатскиот феномен Ел Нињо, објави денеска Европската служба за климатски промени Коперникус.

Според месечниот извештај, јули бил 1,48 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа од 1850-1990 година, додека изминатите 12 месеци биле 1,64 степени над прединдустрискиот просек поради климатските промени.

Во јули годинава се забележани и двата најтопли дена во историјата на мерењата.

- Реклама -