Заглавените астронаути на МВС нема да може да се вратат до февруари 2025 година?

Ситуацијата со американските астронаути заглавени на Меѓународната вселенска станица се комплицира и по се изгледа дека нема да може да се вратат на Земјата оваа година.

Двајцата американски научници се заглавени на станицата од почетокот на јуни, кога стигнаа таму со вселенскиот брод „Старлајнер“ на компанијата „Боинг“. Поради дефект на леталото, од НАСА не сакаат да ризикуваат и веројатно тие нема да може да се вратат пред 2025 година.

Американската вселенска агенција соопшти дека испитува дали двата астронаута може да се вратат на земјата во летало на американската компанија SpaceX, наместо во капсулата „Старлајнер“, која има проблеми уште од лансирањето на 5 јуни.

Астронаутите стигнаа на Меѓународната вселенска станица пред два месеца и беше планирано таму да имаат осумдневна мисија. Поради тоа големи се шансите тие да се вратат со SpaceX, а „Старлајнерот“ да се врати празен.

Вилмор и Вилијамс би можеле да се вратат на Земајта во февруари.

Од друга страна, од компанијата „Боинг“ изјави дека стојат зад своето летало и сметаат дека екипажот може безбедно да се врати на Земјата. Тие истакнуваат дека ги поддржуваат напорите на НАСА да се направат дополнителни тестирања и анализи за да се утврди безбедноста на леталото.

Враќањето на астронаутите со SpaceX би бил силен удар за „Боинг“, бидејќи двете компании се во директна трка за договори со НАСА.

Извор: Б92

- Реклама -