Земјотрес со јачина од 7,1 степен ја погоди Јапонија

Претходно беше објавено дека земјотресот бил со прелиминарна магнитуда од 6,9 степени

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија, по што е издадено предупредување за цунами, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на јапонскиот јавен сервис.

Претходно беше објавено дека земјотресот бил со прелиминарна магнитуда од 6,9 степени.

Властите издадоа предупредување за цунами од еден метар за брегот на Тихиот Океан на западните острови Кјушу и Шикоку. Во префектурата Мијазаки на Кјушу веќе се забележани бранови високи 20 сантиметри.

- Реклама -