КЕТО ПОГАЧИ ГОТОВИ ЗА 10 МИНУТИ: Слободно јадете ги на диета

Сега кога е сезона на празници, речиси сите се грижат за исхраната. Доколку моментално сте на диета или планирате, овој рецепт мора да се најде на вашето мени. Кето погачите со сирење се здрава опција која можете да ја јадете без да се грижите дека ќе се здебелите.

Состојки:

190 гр бадемово брашно
една кафена лажичка прашок за пециво
Сол по вкус
340 гр сирење моцарела
60 гр крем сирење
две јајца за тесто и едно јајце за премачкување

Подготовка:

Измешајте го брашното со прашокот за пециво и посолете. Во друг сад измешајте рендана моцарела и крем сирење, па стопете ги на пареа (само ставете ја над тенџере со врела вода, сирењето брзо се топи). Во растопеното сирење додадете 2 јајца и измешајте. На крајот, смесата додадете ја во брашното и месете со раце. Намачкајте ги рацете со масло, а потоа одвојте и формирајте мали топчиња кои ќе ги тапкате со раце во форма на шпиц. Премачкајте со јајце и наредете на плех обложен со хартија за печење.

Се пече во загреана рерна на 200 степени осум минути. Послужете со прилог по ваш избор.

- Реклама -