Сали чека за инцидентот на Скопскиот аеродром да се произнесат надлежните, не смета дека Гаши ги прекршил ингеренциите

Пратеникот од коалицијата „Вреди“, Беким Сали денеска изјави дека тој не може да каже точно што се случило на скопскиот аеродром и дали некој треба да сноси одговорност оти за тоа треба да се произнесат надлежните органи.

– Сѐ додека не биде разјаснето од страна на истражните органи, дали има вина или нема вина, јас не можам да дадам став – позитивен или негативен, да бранам некого или пак да обвинувам за некоја постапка за што немам ни видео доказ, ни аудио, рече Сали.

Во врска со поднесувањето на барањето за интерпелација на собранискиот претседател Африм Гаши, како и кривичната пријава кон началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание, Сали рече дека нема информации.

Прочитајте и:  Кабинетот на Османи: „За жалење“ е начинот на кој е разрешен инцидентот на скопскиот аеродром

– Немам информација дека некој поднел таква иницијатива. Меѓутоа, тоа ќе се разгледа во деновите што доаѓаат. За дополнителни прашања, ве молам обратете се до медиа центарот на „Влен“, одговори пратеникот.

Според Сали, испраќањето на членот на обезбедувањето на Гаши на скопскиот аердодром било со цел да се смири ситуацијата, меѓутоа, како што рече, „што се случило таму, не знаеме“. Тој смета дека со тоа Гаши не ги прекршил ингеренциите.

- Реклама -