Либанската Влада се обидува да спречи одговор на Хезболах што може да предизвика тотална војна на Блискиот исток

Либан работи на тоа да спречи одговор на израелското убиство на висок командант на Хезболах во Бејрут што би предизвикал тотална војна на Блискиот Исток. Тоа го изјави денеска министерот за надворешни работи на Либан, Абдала Бу Хабиб.

Тензиите во регионот се зголемија во последната недела по убиството во Техеран на Исмаил Ханија, лидер на палестинската милитантна група Хамас и израелскиот напад врз предградијата на Бејрут во кој беше убиен високиот командант Фуад Шукр.

Хезболах минатата недела рече дека групата поддржана од Иран ќе одговори на нападите.

Прочитајте и:  Турски извори демантираат дека канцеларијата на Хамас се префрлила во Турција
- Реклама -