Маж од Прилепско приведен поради подметнување пожари

Лицето било затекнато од полициски службеници при гаснење на пожарот и го призналo делото

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници го лишиле од слобода педесет и четиригодишниот Г.К од селото Штавица, Прилепско, поради постоење на сомнение дека предизвикал пожар.

„Околу 9 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото“,

велат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.

Минатата недела беа приведени и лица од Свети Николе и од Радовишко поради подметнување пожари.

- Реклама -