Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени

Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени. Оваа информација попладнево ја потврди за МИА, командирот на неготинската територијална противпожарна единица, Столе Атанасов.

– На пожарот интервениравме со три противпожарни возила и осум пожарникари. Огнот е изгасен, но сепак наша екипа е се уште на лице место и го проверува теренот. Засега не се знаат причините за пожарот и материјалната штета, дополнително ќе се утврдуваат, појасни Атанасов. 

Прочитајте и:  Во Македонски Брод избувна нов пожар, ќе дејствуваат хеликоптери
- Реклама -