Левица поднесе законски измени за 50 годишна забрана за изградба на објекти на опожарените места

Прес-конференција на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, по повод поднесениот Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за шумите од страна на пратеничката група на Левица

„Целта на предложените законски измени е да се дестимулира намерното палење на шумите и подметнување шумски пожари.

Потенцијални мотиви за подметнување пожари се земјиштето кое било зафатени од пожар да се урбанизира, на него да се изградат објекти, фотоволтаични централи и да се врши сеча на шумите.

Затоа, законските измени коишто ги предложи Левица предвидуваат 50 годишна забрана за било каква урбанизација, изградба на објекти, фотоволтаични централи или сеча на шумите.

Усвојувањето на овие измени ќе го направи подметнувањето пожари бесмислено и ќе го дестимулира намерното предизвикување на шумски пожари.

Прочитајте и:  Ангелов: Не е загрозено ниту Богданци, ниту друго населено место од пожарот во овој регион

Ги повикуваме останатите пратенички групи во Собранието на Република Македонија да го поддржат овој Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за шумите.“

ПП Левица 

- Реклама -