„Colors of Macedonia“ вечерва на платото пред Офицерскиот дом во Битола

Вечерва на платото пред Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 21.00 часот ќе се одржи музичката премиера на проектот: „Colors of Macedonia“.

Се работи за нови и необјавени музички материјали, дел од и нив и тесно поврзани со Битола, од десeтина познати македонски музичари кои својата кариера ја продолжија во светот.

Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски, ги покануваат нивните долгогодишни пријатели и музички соработници, во еден несекојдневен музички проект COLORS OF MACEDONIA, музика создадена специјално за оваа музичка приказна.

Ќе настапат музичарите Алек Секуловски, иноватор, професор и специјалист по тапани, кој што има богата музичка кариера и живее и работи во Торонто, Давор Јордановски, композитор и клавијатурист кој исто така живее и работи низ целиот свет, Александар Петров перкусионист кој живее и настапува моментално во Дубаи, Филип Динев гитарист кој живее и работи во Хамбург Германија и уште многу други музичари, на чело со Вера Милошевска, добро познатиот женски вокал.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

Сите тие ќе ја облагородат битолската музичка атмосфера со музика инспирирана од многуте векови натрупаното македонско музичко богатство, преточена во модерна музика.

- Реклама -