Спортистите кои ќе освојат златен, сребрен или бронзен медал на Олимписките игри во Париз можат да очекуваат различни награди во нивните матични земји, во вид на дијамант, ослободување од воена служба, стан, крави…
Спортистите кои освоиле медали или кои се на пат да ги освојат, во земјите од кои доаѓаат добиле или ќе добијат интересни награди како награда за нивниот успех или да ги поттикнат да се потрудат и да донесат медал во својата татковина.
Така, мечувалките од Хонгконг кои освоија злато во Париз, Чеунг Ка Лонг и Вивијан Конг Ман Ваи, добија како награда од локалната власт доживотни бесплатни билети за подземната железница, како и другите наградени спортисти. Синџирот спортски сали „Pure“, исто така, нуди неопределено членство на 35 олимпијци од Хонгконг за да го „претставуваат најдоброто“ во иднина.
Во Јужна Кореја, сите мажи на возраст за воена обврска мора да отслужат најмалку 18 месеци воен рок. Сепак, владата одлучи да го награди секој освојувач на олимписки медали со ослободување од воена служба. Шестте јужнокорејски стрелци кои освоија четири од петте златни медали во Токио 2021 година, добија автомобили и од нивниот спонзор, производителот „Hyundai“.
Бесплатни нарачки за храна го чекаат спортистот кој го освои првиот златен медал на Малезија на Олимписките игри во Париз, вети компанијата за испорака и транспорт „Grab“. Малезиската влада, пак, вети дека освојувачот ќе може да смета на теренец „Chery“ и луксузен апартман.
Колумбиските спортисти ќе бидат наградени од авиокомпанијата „Avianka“, која во договор со Колумбискиот олимписки комитет ќе доделува поени за лојалност („милји“) на освојувачите на медали: 100.000 за злато, 50.000 за сребро и 30.000 за бронза.
Мексико ги награди своите спортисти со парични награди, но финансирани на оригинален начин. Имено, мексиканските освојувачи на медали
ќе изнесува благодарение на средствата запленети од Министерството за правда на САД од мексикански политичар обвинет за перење пари, објави претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.
Полска ќе биде исклучително дарежлива кон своите освојувачи на медали. Дијамант, бонус од 250.000 злоти (58.000 евра), двособен стан, слика и ваучер за одмор: тоа е џекпотот што му го вети на секој Полјак, олимписки победник во индивидуален спорт.
Останатите медалисти исто така ќе добијат награди, вклучително и бонуси.
„Сакав нашите спортисти да бидат третирани на посебен, уникатен начин“, изјави неодамна Радослав Пиесевич, претседател на Полскиот олимписки комитет.
Ирачките спортисти, кои се квалификуваа за Олимпијадата во 2024 година, добија земја, како и сума од околу 6.600 евра, според Ирачкиот олимписки комитет. Ќе добиваат, исто така, и месечна плата од државата во износ од 400.000 динари (275 евра). Кревачот на тегови Али Амар Јасер доби автомобил и земја по квалификациите. Ирачкиот олимписки комитет му вети милион долари (916.000 евра) доколку освои бронза.
На Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година, кога Јорданецот Ахмад Абу Гауш стигна до највисокото скалило на подиумот во теквондо, а националниот олимписки комитет му додели 100.000 динари (129.000 евра). Абу Гауш добил и бројни подароци од домашните компании, вклучувајќи луксузно возило и часовник, а бил даруван и од кралот Абдула Втори.
Откако освоија злато во бадминтон во двојки на Игрите во Токио, на Индонезијците Апријани Рахаја и Грејсија Полија им ветија ресторани со ќофтиња, па дури и сместување од локален инфлуенсер. Апријани требало да добие и пет крави, парцела и дури три килограма злато. Министерот за туризам Сандијага Уно, исто така, рече дека спортистите ќе можат бесплатно да уживаат во најдобрите дестинации во земјата.
Филипинската кревачка на тегови Хидилин Дијаз го освои првиот олимписки златен медал во историјата на Филипините на Олимписките игри во Токио, по што беше унапредена во штабен наредник на армијата. Владата и приватниот сектор ѝ подарија два имота. Претседателот на Филипинскиот олимписки комитет, Абрахам Толентино, рече дека ги наградувал олимпијците со куќи или земјиште од сопствените заштеди.
На Индиецот Нерај Чопра, олимписки фрлач на копје во Токио, авиокомпанијата „IndiGo“ му вети тогаш неограничени бесплатни летови во текот на една година, а од еден бизнисмен доби теренец.
Сингапурецот Џозеф Скулинг остави свој белег на Игрите во Рио победувајќи го ѕвездениот пливач Мајкл Фелпс на 100 метри пеперутка, што го поттикна компанијата „Grab“ да му понуди на шампионот и неговото семејство бесплатно возење една година, награда што тој сакаше да ја подели со слеп масер и парапливач. И тој доби бесплатни милји лет, „Singapore Airlines“ му подари милион милји.