ДОМАШНА ПРЕЗЛА: Готова за минутка, а е паметен начин да го искористите стариот леб

Потребно е:

1 векна бајат леб
блендер
сад со херметички капак

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Бајатиот леб исечете го на ситни парчиња и ставете го во блендер. Блендирајте неколку минути и префрлете го во херметички сад. Лебните трошки можете да ги ставите во плех обложен со хартија за печење и да ги исушите околу 5 минути во рерна загреана на 180 степени.

- Реклама -