Верувале или не?! | Gostivarpress.mk

На возраст од 37 години и 73 дена, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ попладнево го освои последниот голем трофеј кој му недостигаше за да ги комплетира сите успеси кои постојат во тенисот, со што постави светски рекорд како највозрасен тенисер во тениски сингл (мажи или жени) кој освоил златен олимписки медал во Отворената ера и по враќањето на тенисот на Олимпијадата.

Ѓоковиќ е првиот машки играч кој стана олимписки шампион по неговиот 30-ти роденден. Најдобриот тенисер на сите времиња кој го држи и рекордот по бројот на освоени грен слем титули и најмногу недели поминати на бр. 1 на рангирањето, а денеска го освои својот прв олимписки златен медал, откако го победи Шпанецот Карлос Алкараз во финалето во тенис за мажи.
Освен што Ѓоковиќ го држи рекордот по бројот на освоени грен слем титули, сега и официјално е тенисерот кој ги освоил сите можни титули во кариерата.

Извор