Автомобил излетал од пат во Циглана, жена е тешко повредена

МВР информира дека вчера (3 август) во 14.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во населбата Циглана , патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.Ф.(75) од Бловиште, гостиварско излетало надвор од патот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Д.Б.(53) од Беловиште, констатирани во Општата болница Гостивар.“, извести полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Извор