ЦУК: Пет активни пожари, сѐ уште гори кај Македонски Брод и на две места во Охридско

На територијата на државата помагаат еден хеликоптер од Србија, еден од Чешка, еден од Словенија, два од Унгарија, два „ертрактори“ од Шведска и два од Германија

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 42 пожари на отворено од кои 33 се изгаснати, четири се ставени под контрола, а пет се се уште активни, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во:

  • Општина Македонски Брод, кај селата Тажево, Брезница и еден крак кон Јасен
  • Во Општина Демир Хисар и Општина Охрид – Илинска планина кај село Базерник
  • Општина Охрид, кај селата Косел, Расино Опеница – Папила активен на четири точки
  • Општина Богданци кај место викано Ветерен пат Богданци
  • Општина Пробиштип кај селата Зеленград и Јамиште

Под контрола се ставени пожарите во:

  • Општина Кочани кај селото Пресека
  • Општина Свети Николе кај селото Патетино
  • Општина Пласница кај селата Пласница и Ластово, Македонски Брод
  • Општина Македонска Каменица кај селото Дулица

Ангелов вчера соопшти дека од 17 пожари на отворено, шест се целосно изгаснати, а пет се ставени под целосна контрола, посочувајќи дека првиот и најсложен пожар за гаснење е на територија на Општина Македонски Брод, во атарот на селата Тажево и Брезница, пожар за кој рече дека беснее со денови.

На територијата на државата помагаат еден хеликоптер од Србија, еден од Чешка, еден од Словенија, два од Унгарија, два „ертрактори“ од Шведска и два од Германија. На помош е пристигнат и тим од Унгарија со 46 лица, со специјални теренски возила за движење по тешко пристапни предели.

- Реклама -