„Кајмак“ на Милчо Манчевски најдобар филм на фестивалот „Фортеца“ во Црна Гора

Филмот „Кајмак“ на режисерoт Милчо Манчевски ја доби наградата за надјобар филм на Фестивалот „Фортеца“, во Црна Гора.

„Фортеца“ е фестивал кој се одржува во градот Пераст, е во партнерство со познатиот БаНеФФ од Стокхолм, Шведска.

Ова е осма меѓународна награда за „Кајмак“.

„Кајмак“ е македонски филм снимен во 2021 година во режија и сценарио на Милчо Манчевски. Главните улоги ги играат: Ратка Радмановиќ, Камка Тоциновски, Благоја Чоревски, Сара Климоска, Петар Мирчевски, Александар Микиќ, Борис Чоревски, Симона Спировска. Филмот ја имал својата премиера за време на Токискиот кинофестивал одржан на 26 октомври 2022 година во Јапонија.

Се работи за македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија во 2022 година.

- Реклама -