Тешко повреден малолетен пешак во Гостивар, несреќа и на Мавровска раскрсница

На 02.08.2024 во 14.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Бањешница” во Гостивар, патничко возило „шевролет” со гостиварски регистерски таблици, управувано од Е.Б.(19) од гостиварско Беловиште, удрило во малолетен пешак, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Денеска (03.08.2024) во 06.55 часот во СВР Тетово била пријавена сообраќајна незгода на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, во која учествувале патничко возило „пежо” со албански регистерски ознаки, управувано од В.Т.(41) од САД, со престој во Дебар, патничко возило „ауди” со германски национални ознаки, управувано од Ф.М.(31) од Германија и патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски таблици, управувано од Е.О.(29) од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.Т. и  сопатничката Р.Т.(41) од Дебар, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Извор