МНР за случајот со косовската претседателка: По анализа на податоците од институциите, ќе се преземат мерки во иднина да се избегнуваат вакви ситуации

„Република Северна Македонија и Република Косово одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, без отворени прашања и со искрен и континуиран дијалог на сите нивоа и во сите области. Во наведениот контекст изразувуваме жалење за недоразбирањата кои се случиле во текот на вчерашниот ден, при патувањето на претседателката на Република Косово Вјоса Османи на меѓународниот аеродром во Скопје“, се веели во соопштението од македонското МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) по повод протестната нота од Министерствто за надворешни работи и дијаспората на Косово излезе со став во која што бара целосна објаснување во врска со настанот на Скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи.

Македонското МНР побарало информации од надлежните институции и по анализата на собраните податоци ќе преземе мерки, со цел, како што соопштија оттаму, во иднина да се избегнат вакви ситуации.

„Република Северна Македонија и Република Косово одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, без отворени прашања и со искрен и континуиран дијалог на сите нивоа и во сите области. Во наведениот контекст изразувуваме жалење за недоразбирањата кои се случиле во текот на вчерашниот ден, при патувањето на претседателката на Република Косово Вјоса Османи на меѓународниот аеродром во Скопје“.

стои во соопштението на МНР.

Оттаму додават дека од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија во врска со настанот каде беше инволвирана косовската претседателка веќе се побарани информации од сите надлежни институции.

„Откако ќе биде направена соодветна анализа на прибраните податоци во непосредна соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени сите потребни активности и мерки, а со основна цел во иднина да се избегнат вакви или слични појави и ситуации“.

пишува во соопштението на МНР.

По инцидентот со претседателката Вјоса Османи претседателството на Република Косово преку соопштение до јавноста изразило огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“.

Во соопштението по повод инцидентот се наведува дека Османи единствено одбила да го даде на скенирање својот телефон, кој го користи како шеф на државата за официјални комуникации и за прашања од националната безбедност. 

Како што потврди МВР за „360 степени“ денеска, околу 10 часот на Меѓународниот аеродром „Скопје“, член на обезбедувањето на собранискиот спикер Африм Гаши кој воедно е полициски службеник, направил инцидент со вработени во ТАВ Македонија.

Додека претседателката на Косово, Вјоса Османи поминувала на гранична контрола, во моментот кога од неа било побарано да го остави телефонот за да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработеното лице од ТАВ, за таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Иако вработениот бил оттргнат, сепак багажот бил вратен и поминал на скенер.

Половина час по случајот, на аеродромот пристигнало лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието, Гаши, заедно со уште двајца припадници на полициските служби и започнал да се заканува на вработените во ТАВ и го барал „виновникот“ кој и направил проблем на Османи, притоа туркајќи полициски службеник кој бил вработен на граничниот премин.

- Реклама -