Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb го кренаа својот глас во новата песна „Место“

Заедницата ја создаваат луѓето и нивните постапки. Таа не е фиксна и однапред детерминирана, туку се менува заедно со нас и со она што ние го правиме секојдневно, нашите интеракции и средби, нашите разговори и ставови, сето она што решаваме да го истакнеме пред другите. Каде и да се свртиме околу нас, може да забележиме работи што ни пречат и кои би сакале да ги промениме… Но исто така, забележуваме дека секојдневно сме опкружени и со еден куп позитивни приказни, убави разговори и хумани постапки, кои не потсетуваат дека светот може да биде убаво место ако решиме да го направиме такво. И токму тука некаде започнува приказната за новата песна „Место“ на Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb.

Инспирирани од состојбата која постојано ја гледаат во општеството, а мотивирани од актуелната кампања на Македонски Телеком #НаправиМесто, четворицата млади артисти го кренаа својот глас и ја направија нивната нова песна. „Место“. Текстот за песната потекнува од желбата да се искаже како тие се чувствуваат во заедницата, но уште повеќе од желбата каква сакаат таа да биде. Ова е песна за надежта и за иднината, за убавите работи кои можеме да ги креираме со само еден убав збор. Користејќи стихови од Горан Стефановски, тројцата музичари направија уште еден одличен проект.

Ги прашавме, дечки што направите?

-Што направивме. Па мислам дека и ние не знаеме што направивме, ама испадна добро. Мислам дека напишавме доста relatable песна за младите, инспирирана од Горан Стефановски. Направивме песна за Скопје, на некој начин за младите во Скопје инспирирана од „Телеком“ и нормално од Горан Стефановски. Мислам дека така таа тема, ете ќе допре до младите на некој начин, вели Mатеј Фолц.

Кога ја работеа песната, четворицата музичари се одлучија во неа да ги соберат сите позитивни работи на денешницата во кои младите можат да се пронајдат.

-Даваме акцент на некои и позитивни и негативни страни, општо во градот. Ама мислам дека пак дава некоја надежна нота самата песна. Пошто тоа и ни беше целта. Не да биде дека е се негативно, туку да биде иницијатива за позитивни промени- вели Шишка Zee

А колку всушност младите денес имаат глас и дали често се гласни? Дали сакаат да го користат гласот за да го менуваат општеството?

Шишка Zee вели, младите се гласни се кога се сложни, ама па и ретко се сложни.

-Мислам дека имаат глас, само треба повеќе да го користат, вели Шишка Zee.

Насте Zee пак ќе додаде: Па има и некои што не кажуваат, а знаат што треба да кажат. Има и некои што кажуваат можeби тоа што не треба да се каже. Ама генерално мислам дека на добро иде приказната и само да се сложни повеќе, може да извадиме добро нешто.

Според Матеј Фолц младите треба многу повеќе да зборуваат.

-Па искрено мислам дека имаат глас, ама изгледа ко да немаат, пошто не го користат многу често. И така тоа е малце тажно, ама мислам дека треба да се поработи.

Дечките кои неодамна се вратија од „Егзит“ продолжуваат и летово работно. Zee Bomb спремаат нова песна во студио, а Матеј Фолц работи на нов проект. Летото за нив е работно, ама попат наоѓаат време и да уживаат. И сето тоа додека нивната нова песна ги освојува младите…

- Реклама -