Меѓународен истражувачки тим развил автоматска направа која може ефикасно да ги издвои машките од женските комарци, што претставува голем напредок во биолошката контрола на болестите кои ги пренесуваат комарците.
Тимот составен од истражувачи од Државниот универзитет во Мичиген, Универзитетот Јинан и компанијата Волбаки Биотех од Гуангџо, објави истражување во академскиот журнал Сајенс Роботикс.
Еден од истражувачите, Ли Јонгјун објасни дека ако се овозможи мажјаците, кои не касаат или пренесуваат болести, да се спарат со женки од див комарец, тогаш ефикасно може да се контролира нивната популација.
Проблемот со болестите кои ги пренесуваат комарците, особено денга треската, станува се поизразен поради климатските промени.
Авоматизираниот сепаратор може да издвои повеќе од 16 милиони мажјаци работејќи осум часа дневно, пет дена неделно, што е 17 пати повеќе отколку со рачна сепарација.
Извор: Б92