Пред 50 години на Илинден официјално е пуштен за посетители монументалниот споменик „Македониум“



На денешен ден пред 50 години, 2 Август 1974 год, на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание, официјално е пуштен за посетители монументалниот споменик „Македониум“.

Споменикот, кој се смета за еден од десетте најинспиративни дела на бруталистичката архитектура во светот, е создаден од страна на уметниците Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска, додека четирите витражи се дело на Борко Лазески, а дел од комплексот изработил и Петар Мазев.

Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава. Нека ни е честит Илинден!

- Реклама -