Фестивалот „300 Работи, Триста“ во Битола

На 7-ми и 8-ми август во Битола, во склоп на Битфест 2024 ќе се одржи фестивалот „300 Работи, Триста“, кој го слави креативниот израз и уметноста и ги обединува различните форми на уметничко изразување во единствено и незаборавно дводневно искуство.

Ова е програмата на фестивалот:

ДЕН 1 – 07.08.2024

Локација: Платото пред Офицерскиот дом – Битола

20:00 – „Изложба на уметнички слики: Пештерскиот човек „Schickimicki”

Изложба на уметникот Иван Коцка Јанчев, кој живее и работи во Кина. Изложбата ќе вклучува повеќе дела со димензии 1 м x 1,5 м. Цртежите се изработени со експресионистичка техника, користејќи само една линија на платно, создавајќи уникатни и впечатливи композиции.

21:00 – Видео Арт: “Битолска Берза”

ДЕН 2 – 08.08.2024

Локација: Платото пред Офицерскиот дом – Битола

20:00 – Промоција на зборникот „Колегиумски записник 011“

20:30 – Проекција на два кратки македонски филма

„Само ѓаволот се плаши од вода“ 

Режија: Лидија Мојсовска

Сценарио: Јаков Попоски, Лидија Мојсовска

20:50 – „Еден тон сладолед“

Режија: Сандра Ѓоргиева

Сценарио: Јаков Попоски, Сандра Ѓоргиева

Проекција на Видео Арт: “Битолска Берза

21:30 – Настап на битолскиот бенд “Sound Waves”

Прочитајте и:  „Конзулката од Битола“- интерактивна кукла-робот поставена во Градското шеталиште

Бендот ќе настапи пропратен со видео колаж, проекција на склоп од култни сцени од филмови од 80-ти и 90-ти со рок естетика, создавајќи уникатно визуелно и музичко искуство.

Ова е 12 последователно издание на фестивалот кој обединува секаков вид на собремени уметности. 

“Горд сум што се јавувам како уредник на еден ваков уметнички крик кој во целост соодветствува со приликите, случувањата и околностите во нашата држава, Европа и светот. Како и минатите изданија, и сега имаме прекуокеански автори, со што и овој број несомнено е интернационален. Со задоволство можам да кажам дека и ова издание ќе стане дел Чешката национална библиотека во Прага, продолжувајќи ја мисијата која ја започнав како претседател на ЛАТЕРАЛ уште во 2017 година, а тоа е да се зголеми бројот на публикации на современ македонски јазик и од современи македонски автори, како во државата така и во Европа и светот.Нека „300 Работи Триста“ биде симбол на македонската креативност и надградба во областа на културата, уметноста и урбаното живеење“ вели Игор Трајковски Фоја.

- Реклама -