ПЛЕСКАВИЦИ ОД ПИПЕРКА: Вкусен деликатес кој никого не остава рамнодушен

Потребно е:

4 црвени пиперки
1 главица кромид
2 чешниња лук
100 гр презла
1 јајце
сол, бибер, црвен пипер
масло за пржење

Подготовка:

Во тава пропржете ги пиперките додека не омекнат. Потоа пиперките, кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Во сад измешајте ги сецканите намирници, презлата, јајцето, солта, биберот и црвениот пипер. Од смесата формирајте плескавици. Загрејте го маслото во тава и пржете ги плескавиците од двете страни додека не поруменат.

- Реклама -