Денес е Светски ден на World Wide Web

Светскиот ден на глобалната мрежа на веб страници (World Wide Web Day) е славење на интернет пребарувањето, онлајн активност со која целиот свет ви е на врвот на прстите и ви дава пристап до целото знаење на светот.

Не може да се негира важноста на World Wide Web со оглед на тоа што најголемиот дел од луѓето се потпираат на веб страниците за да дознаат информации и работат секој ден. Тоа е интегрален дел од нашите животи и токму затоа 1 август е денот кога тоа се одбележува.

Многумина мислат дека World Wide Web и интернетот се иста работа, но сепак тоа не е баш така. Историјата на интернетот е многу постара од таа на WWW. WWW е информациски медиум на кој луѓето може да пристапат кога се поврзани на интернет. World Wide Web беше измислен од Тим Бернерс Ли во 1989 година во ЦЕРН во Женева, Швајцарија како начин да комуницира со колегите испраќајќи хиперлинкови. Четврт век подоцна, WWW стана главното средство за интеракција, трансакции и комуникација меѓу луѓето, отворајќи ја вратата на можностите каква што сигурно ни самиот Бернерс Ли не можел да замисли.

Бројот на веб страници до 1995 година бил мал, во споредба со сега, сепак постоеле некои страници вредни за посетување, но корисниците требало да го знаат адресите за да им пристапат. Именикот на веб страници на Јаху бил објавен во јануари 1994 година, а веќе следната година и интернет пребарувачот. Во 1995 година со работа започнале и првите интернет пазари – Амазон и иБеј.

- Реклама -