Хисени: МАНУ кога се отвориле прашања од интерес на Албанците имала контрадикторни ставови и изјави што не придонесуваат кон кохезија меѓу народите

Портпаролот на Коалицијата „Влен“, Фари Хисени денеска на прес-конференција истакна дека ќе служи како академски и културен центар, кој има за цел да го промовира и развива знаењето и креативноста на албанскиот јазик и традиција, придонесувајќи на тој начин за збогатување на мултикултурниот мозаик на нашата земја.

-Коалицијата „Влен“ сака да нагласи дека Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ. Напротив, ние ја гледаме оваа иницијатива како можност за соработка и синергија помеѓу двете академии, промовирајќи размена на идеи и искуства и придонесувајќи за напредок на науката и уметноста на национално и меѓународно ниво. Основањето на Академијата на науки и уметности на Албанците претставува важен чекор кон напредувањето на науката, уметноста и културата на Албанците во Северна Македонија. Не го гледаме ова како паралелизам, сега ќе направиме дополнително заради тоа што МАНУ е затворена за албанските академици. Ова ќе биде една институција, едно место, еден субјект каде што сите без разлика на етничка припадност со посебен фокус и акцент на Албанците, ќе имаат отворена врата без дискриминација и без исклучување на сите академици, рече тој.

На новинарско прашање дали по цена да се расипа Владата и коалицијата остануваат на ставот за формирање на Академијата, Хисени потенцира дека ова било нивно предизборно ветување и ќе го исполнат.

-Ние тоа што го ветивме пред албанскиот гласач, тоа и ќе го испорачуваме до крај и ова ќе го реализираме до крај. Бидејќи имаме гласачко тело на кои што им должиме тоа што сме го ветиле и да го исполниме. Во демократски држави и системи, дебатата е алатка за комуникација и за убедување. Сметаме дека аргументите се во наша страна, можеме да се убедиме, можеме да докажеме зошто ни треба Академија на науки и уметности на Албанците. Не е првпат што ние го измислуваме. Во светот постојат две или три академии  во рамки на една држава, рече Хисени набројувајќи земји во светот и регионот каде има вакви примери со две академии – Белгија, Финска, Босна и Херцеговина и Србија (Војводинската аи Српската Академија).

Прочитајте и:  ВЛЕН: Пријавата кон Бектеши е потврда за корумпирано минато на ДУИ

На новинарско прашање дали размислуваат во рамки на постоечката МАНУ нешто да се надогради, Хисени смета оваа институција не е најитегрираното место за сите заедници во државата

-Постоечката МАНУ и во минатото кога се отвориле прашања од интерес на Албанците знаеме дека имале контрадикторни ставови и изјави што не придонесуваат кон кохезија меѓу народите, туку кон сегрегација и поделба. Повикувајќи се на минатото и на претходните ставови на МАНУ за различни општествени теми што ги вклучуваат двете поголеми заедници Македонците и Албанците, сметаме дека МАНУ не е најитегрираното место за сите заедници во државата, рече тој.

На изјавите на ДУИ кои ја нарекуваа Академијата „квази академија“, Хисени рече дека тие со „спротивставувањето на оваа иницијатива уште еднаш докажува дека е на иста линија со ВМРО-ДПМНЕ кога се во прашање албанските национални проекти“. -На оние кои Академијата за науки и уметности на Албанците ја нарекуваат квази академија им порачуваме „ставете ја главата во некоја дупка и не излегувајте следните 20 години“, бидејќи вие го уништивте образованието и културата на Албанците, рече тој.

- Реклама -