Како од дистописки филм: Уред со вештачка интелигенција кој постојано ве слуша и разговара со вас

Уредите со вградена вештачка интелигенција очигледно дека стануваат тренд, а нивниот прием од корисниците е мешан. Досега беа објавени два такви уреда – Rabbit и Humane, кои не наидоа на најдобар примем, додека за тие кои се уште не се официјално излезени има мешани чувства.

Уште еден таков уред е „Пријател“, кој ќе може да се носи на врат и ќе ви биде верен придружник во сите ваши активности.

Компанијата сега го објави и првото видео во кое го најавува уредот и започнаа со претпродажба за 99 долари. Најавите се дека производот ќе стигне во рацете на корисниците во јануари 2025 година.

Наместо да се фокусира на продуктивноста, овој уред се поврзува со вашиот телефон преку блутут и постојано ве слуша, со цел да комуницира со вас.

Може да притиснете на копчето за зборување за директно да му се обратите, а системот ќе ви испрати порака на вашиот телефон. Бидејќи уредот постојано ве слуша, исто така може и проактивно да ви испрати порака на вашиот телефон.

Прочитајте и:  Мора да инвестираме во образование и регулација за ВИ да не нѐ остави на улица

Креаторот Ави Шифман, верува дека со тоа што уредот е околу вашиот врат ќе биде полесно за да ве слуша и да разговарате со него, отколку е само апликација на вашиот телефон.

Тој додава дека уредот не е замислен да биде терапевт или да ви помага во работата, туку ќе биде само ваш пријател со вештачка интелигенција со кој може да разговарате.

Уредот кој постојано ве слуша, според креаторите, нема да ги чува снимките или транскриптите, а и вие рачно ќе може да ги бришете кога што сакате.

Извор: TechCrunch

- Реклама -