Убиен лидерот на Хамас, Исмаил Ханије

Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер, Исмаил Ханије е убиен во „ционистички напад “ врз неговата резиденција во Техеран, јави ДПА.

Во изјава на Телеграм, Хамас ја оплакува смртта на Ханије „како резултат на предавничката ционистичка акција врз неговата резиденција во Техеран“.
Првично нема потврда за смртта на Ханије од израелската страна, додава ДПА.
Веста за убиството на Ханије се случи неколку часа по израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут, насочен кон командантот на про-иранската милиција на Хезболах, Фуад Шук „Сајид Мухсан“.
Хезболах засега не ја потврдува неговата смрт.
Либански Хезболах е отворен сојузник и помагач на Хамас во Појасот Газа. И двете движења се сојузнички на израелскиот архи-непријател Иран, преенесува германската агенција.
Хамас соопшти дека Ханије е убиен откако присуствувал на церемонијата на инаугурација на новиот ирански претседател, Масуд Пезешијан, што беше во неделата во иранската престолнина.

Извор