Рецепт за мохито кој секогаш треба да го имате при рака – бидејќи летото не може да помине без овој коктел

Кога би сакале да го опишеме нашето идеално лето, освен сонце, море и добро друштво, на листата секако би требало да се најдат – коктели.

Коктелите се совршена комбинација на освежителни овошни, слатки или билни ноти со малку алкохол. Иако, со секоја сезона, коктелите стануваат се поиновативни по вкус и изглед, класиката која сите ја сакаат понекогаш е најдоброто решение. Првото нешто што ви паѓа на ум е мохитото, кое ги комбинира вкусовите на нане, лимета и бел рум, кои се добро познати на сите, па ретко кој може да му каже „не“ на овој коктел. Подготовката на мохито не е ни најмалку комплицирана, но сепак треба да внимавате на количината на состојки за да не доминира ниту една, па во продолжение ви го претставуваме најдобриот рецепт за мохито кој е секогаш добро да го имате при рака.

Мохито – состојки

5 ливчиња нане

50 мл бел рум

20 мл сок од лимета

2 лажици шеќерен сируп

Минерална вода

Мраз

Парчиња лимета за декорација

Подготовка:Ставете ги листовите нане во шејкер и притиснете ги неколку пати со лажица или некој друг предмет за да се ослободи аромата . Додадете рум, свежо исцеден сок од лимета, шеќерен сируп и грст мраз. Затворете го шејкерот и енергично протресете сè додека не почувствувате дека ѕидовите на шејкерот станаа многу ладни.Добиената смеса истурете ја во чаши за коктел во кои претходно сте ставиле неколку коцки мраз, додајте малку минерална вода и украсете со лимета.

- Реклама -