Силна експлозија одекна во Бејрут

Силна експлозија одекна во Бејрут и може да се види облак од чад како се издигнува попладнево над јужно предградие на либанскиот главен град, упориште на либанската вооружена група Хезболах, јавија западни медиуми.

Извор близок до либанскиот Хезболах изјави за француски медиуми дека во израелски напад е погодено нивно упориште во јужно предградие на Бејрут, неколку дена откако Израел соопшти дека ќе возврати на смртоносниот напад на анектираната Голанска Висорамнина, за кој е обвинета групата.

„Израел погоди јужно предградие на Бејрут“, рече изворот, барајќи анонимност.

Градот со денови се наоѓа на работ пред очекуваниот израелски напад како одмазда за нападот врз Голанската висорамнина окупирана од Израел, во кој загинаа десетина млади.

Прочитајте и:  Израелскиот МНР бара НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата

Израел и САД го обвинија Хезболах за нападот. Хезболах ја отфрли одговорноста.

- Реклама -