Државата гори, Мицкоски да се нацрта на терен, повикаа од СДСМ

Тошковски покажува неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи. Ваков несоодветен однос на Владата на Мицкоски и нивното лежерно постапување е запрепастувачки неодговорно, велат од СДСМ

Седиштето на СДСМ / фото: „360 степени“

Државата гори. Владата на Мицкоски потфрла и покажува голема неспособност да се справи со пожарите кои беснеат, обвинија од опозицискиот СДСМ.

Оттаму велат дека гори на повеќе локации во земјата, изгорена е огромна површина – над 130 километри квадратни и додаваат дека се работи за катастрофа од преголеми размери.

„Горат дури и куќи, домови, шума, зеленило, има и човечка жртва. Состојбата е алармантна и загрижувачка. Она што СДСМ со денови предупредуваше за жал се случува. Не терен се забележува крајно лоша координација на надлежните институции. Граѓаните реагираат за ненавремена и спора реакција“,

велат од СДСМ.

Од партијата сметаат дека се повторува истото однесување поради кое изгорела целата планина Серта.

„Особено е лоша координацијата на воздухопловите, се доцни за нивно вклучување со часови. Тошковски покажува неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи. Ваков несоодветен однос на Владата на Мицкоски и нивното лежерно постапување е запрепастувачки неодговорно. Тоа мора да прекине. Бараме итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управуваее со кризи. Мицкоски да се нацрта на терен, да направи нов кризен штаб кој ќе преземе нешто во соодветно постапување и координациjа на институциите под негова надлежност“,

повикаа од СДСМ.

- Реклама -