Андоновски: Балансерот сега има законска основа и е валидна алатка додека не се промени законот или методологијата

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја поздрави примената на дигиталната алатка Балансер за вработување во јавниот сектор согласно коригирани податоци од Пописот 2021 и новите пресметки на процентите според кои се зема предвид само резидентното население во државава.

Одговарајќи на новинарски прашања по состанокот на работната група за изработка на нова сајбер-стратегија, Андоновски го поздрави и амнгажманот на министерот за јавна администрација Горан Минчев за придржување кон новиот начин на примена на алатката Балансер.

Посочи дека се додека не се промени законот или методологијата, ќе биде важечки новиот начин на примена на Балансерот и дека на оваа алатка и е вратена законската основа.

-Тоа значи дека во сегашната алатка Балансер само луѓето коишто живеат во Македонија се сметаат за вработување според таа алатка. Го поздравувам ангажманот и на министерот за јавна администрација што ја употребува алатката Балансер која  е сега законита и се додека не го промениме законот или не ја промениме методологијата, често кажувам дека само со промена на методологијата, ние веќе можеме да зборуваме за нов начин на почитување на принципот на соодветна и правична застапеност. Но, се додека тоа не се случи, додека немаме нов закон или промена на методологијата, валидна ќе биде оваа  сега веќе законска основа којашто ја дава алатката, рече Андоновски.

Прочитајте и:  Наскоро ќе се врати во функција електронското поднесување барања за документи, најави Андоновски
- Реклама -