Златното бикини нa принцезата Леја продадено за 175.000 долари

Златното бикини коешто глумицата Кери Фишер го носеше како принцезата Леја во филмот „Враќањето на Џедајот“ од серијалот „Војна на ѕвездите“ од 1983 година, е продадено за 175.000 долари.

Костимот, како можеби еден од најпознатите реквизити во овие филмови, беше продаден викендов по наддавање во аукциската куќа „Херитиџ“ со седиште во Далас.

Фишер го носеше овој костим во сцената кога нејзиниот лик е фатен од Џаба Хат во неговата палата.

- Реклама -