Дарманен: Екстремисти од крајната левица најверојатно стојат зад саботажата на француската железница

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека екстремни левичарски екстремисти најверојатно стојат зад саботажата на француската железница извршена во петокот, неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.

Дарманен за ТВ Франс 2 изјави дека во текот на истрагата биле идентификувани профилите на неколку луѓе и дека начинот на кој работат диверзантите има карактеристики на екстремно левичарски екстремисти.

Францускиот национален железнички оператор SNCF синоќа објави дека е завршена поправката на железничките пруги оштетени од пожари во петокот.

Прочитајте и:  Француска полиција: Саботажа е извршена во делови од државата врз мрежи со оптички кабли
- Реклама -