Тројца повредени при пукање на семејна веселба во Кичевско

Повредените лица биле пренесени во кичевската Итна медицинска помош каде им биле констатирани тешки телесни повреди

Илустративна фотографија

Четириесет и шестгодишен жител на кичевското село Бачишта, рано утрово, е приведен поради тоа што на семејна веселба пукал со пиштол и притоа повредил три лица, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, 46-годишниот Б.У., кој е од кичевското село Бачишта, а кој престојувал на привремена работа во Австрија, на семејната веселба испукал неколку куршуми од пиштол „Смит и Весон“, што бил сопственост на неговиот 64-годишен татко Р.У. и кој го поседувал со дозвола.

Притоа, со повреди се здобиле Е.Е.(33), М.Р.(57) и уште една малолетничка, а кои биле на веселбата.

Повредените лица биле пренесени во кичевската Итна медицинска помош каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Од МВР велат дека пиштолот со 300 куршими, кои Р.У. ги поседувал со дозвола, бил одземен.

По целосно документирање на случајот од Одделението за внатрешни работи Кичево велат дека ќе поднесат соодветни пријави.

- Реклама -