Една година од смртта на композиторот Кире Костов


На 27 јули 2023 година, на 73-годишна возраст во Скопје почина големиот македонски композитор Кире Костов.

Беше долгогодишен член на Сојузот на композитори на Македонија. Во периодот од 1970-1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент.

Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа. Кире Костов таа година беше прогласен како најдобар трубач-инструменталист во Југославија и беше избран да ја представува Југославија во тој оркестар.

Како диригент на Танцовиот оркестар на МРТ (1988) за нејзините потреби има реализирано снимки од преку триста наслови. Ги реализирал сите Скопски фестивали од 1991 наваму. Учествувал три пати со своја програма и еднаш со нашите гости Душко Гојковиќ и Џани Басо на Скопскиот џез фестивал. Исто така со своја програма настапил на Олимпос џез фестивал во Солун – Република Грција во 2000 год. кој што за нас и за нашата држава беше од голема значење.

Со тој настап кој што беше директно пренесуван од грчката ЕРТ телевизија, а македонската телевизија го пушти во употреба нашиот сателитски канал. Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади Си-До кој се одржуваше во Битола од 1991-2000 година. Бил уметнички директор на Интерфест – Битола, фестивалот за популарна музика (1994-1996).

Добитник е на бројни награди и признанија. Кире Костов е роден во 1949 година во Битола.

- Реклама -