Автомобил удирил во пешак, оштетил паркирано возило и излог во Форино

На 25.07.2024 во 13.25 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, кај с.Форино, гостиварско, патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(19) од Австрија, удрило во пешакот Џ.И.(71) од с.Форино, а потоа во паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со германски национални ознаки, сопственост на И.Е.(63) од с.Форино, како и во излог од вулканизерска работилница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Извор