Амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

Повикот му бил упатен денеска, а се очекува наредните денови да дојде во Скопје од Букурешт и да се сретне со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски. Причините за консултациите, според ТВ 24, се уште не се откриваат

Амбасадорот на РС Македонија во Република Романија Андреј Жерновски е повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), пренесува ТВ 24.

Повикот му бил упатен денеска, а се очекува наредните денови да дојде во Скопје од Букурешт и да се сретне со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.

Причините за консултациите, според ТВ 24, се уште не се откриваат.

Жерновски дипломатската функција во Романија почна да ја извршува лани во октомври. Пред да биде назначен за амбасадот на РС Македонија во Република Романија ја извршуваше функцијата заменик-министер за надворешни работи.

Покрај Жерновски, на почетокот на јули на консултации во МНР беше повикан и македонскиот амбасадор во Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, Љубомир Фрчкоски.

На разговор во МНР беше повикан и македонскиот амбасадот во Рим Весел Мемеди.

- Реклама -