Два земјотреси со јачина од 3,6 и 2,9 степени почувствувани во Берово и Делчево

„Денеска се регистрирани два земјотреси чии епицеентри припаѓаат на епицентралното подрчје Делчево-Берово, 125 километри југоисточно од Скопје. Пвиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер, а вториот во 18 часот и 30 минути со магнитуда од 2.9 степени по Рихтер“, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Два земјотреси со јачина од 3,6 и 2,9 степени според Рихтер измерила Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани низ земјата, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Денеска се регистрирани два земјотреси чии епицеентри припаѓаат на епицентралното подрчје Делчево-Берово, 125 километри југоисточно од Скопје. Пвиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер, а вториот во 18 часот и 30 минути со магнитуда од 2.9 степени по Рихтер“,

се вели во соопштението од Сеиозмолошката опсерваторија.

Првиот земјотрес е почувствуван од населението во градовите Берово и Делчево и околината со интеензитет од 3 до 4 степени според Европската максосеизмичка скала, додека вториот со 3 степени според истата скала.

- Реклама -