Седуммина уапсени во Белгија, подготвувале терористички напад

Седум лица се лишени од слобода денеска при полициска акција спроведена во девет градови во Белгија, јави белгискиот државен радиодифузен сервис ВРТ повикувајќи се на извори во Федералното обвинителство.

Според информациите на телевизијата, седумте лица, приведени при претреси на 14 станбени објекти во рамки на антитерористичка истрага, се осомничени за учество во активности на терористичка група, финансирање тероризам и подготовка на терористички напад, чија конкретна цел се уште не е утврдена.

Претреси се извршени во домови во Антверпен, Сераинг, Синт-Јост тен Нод, Менен, Леополдсбург, Лиеж, Кортријк, Гент и Зонховен.

Лишените од слобода, според ВРТ, во моментов се на распит пред истражен судија, кој по извршените разговори ќе треба да одлучи дали ќе им одреди мерка притвор.

Белгиското Федералното обвинителство засега „во интерес на истрагата“ официјално не ги коментираше овие информации.

- Реклама -