Ајкулите во близина на бразилската метропола Рио де Жанеиро биле позитивни на кокаин. Предаторите го консумираат моќниот стимуланс поради неговото постојано ослободување од несоодветните постројки за третман на отпадни води и тајните операции за производство на оваа дрога, напишаа научниците во студијата објавена во Science of The Total Environment.
Некои можеби нападнале и изеле пакети со кокаин што ги изгубиле на отворено море криумчарите во близина на брегот на Бразил, еден од најголемите светски пазари на дрога.
Од 13 примероци на бразилски „остроносни“ ајкули кои научниците ги тестирале во текот на речиси три години, сите имале кокаин во нивните мускулни и ткива на црниот дроб, според студијата на Фондацијата Освалдо Круз, институт за наука, технологија и здравје.
Научниците не анведуваат какви ефекти би можеле да имаат кокаинот и другите рекреативни дроги врз ајкулите, иако други студии покажаа дека, на пример, поточната пастрмка може да стане зависна од метамфетамин.
Научниците во други студии документираа дека други загадувачи, како што се антидепресиви, тешки метали и лекови за контрацепција, исто така, влегуваат во реките, езерата и океаните.