(ФОТО+ВИДЕО) Изгаснат пожарот во струмичко Ново Село – изгорени три плевни и две куќи

Како причина за пожарот, според жителите на Ново Село, е спој на каблите што пренесуваат струја од бандера на бандера, појава, за која велат дека која се случувала и порано

Изгаснат е пожарот што попладнево изби во струмичко Ново Село, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму велат дека изгореле три плевни и две куќи.

„Во пожарот нема повредени. Изгаснат е со интервенција на 20 пожарникари и шест возила, како и со дејствување на еден хелихоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР)“,

велат од ЦУК.

Во Ново Село вечерва присуствуваше и директрот на ЦУК Стојанче Ангелов кој во разговор со граѓаните, како што вели, бил информиран дека пожарот избил наеднаш.

Како причина за пожарот, според жителите на Ново Село, е спој на каблите што пренесуваат струја од бандера на бандера, појава, за која велат дека која се случувала и порано.

„Дуваше ветер и искрата дојде од каблите што поминуваат тука. Заврши во мојата плевна. Ова се случува веќе трет пат. Успеав да го извадам коњот. Ми изгореа околу 200 бали сено“,

вели еден од жителите.

Според увидот на екипите на терен, пожарот причинил голема материјална штета. Во расчистувањето на остатоците од пожарот е вклучен и еден багер.

Од МВР соопштија дека хелихоптерот што бил вклучен во гасењето на поѓарот во 15 циклуси исфрлил 22 тони вода, по што пожарот е изгаснат.

- Реклама -