8-мо издание на „Drim Short 2024“ – „Бесконечна слобода“

Осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“, оваа година ќе се одржи од 8-ми до 11-ти август во Струга, воден од идејата за „Бесконечна слобода“ за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат.

,,Осум лета, една идеја за бесконечност. „Слободата“ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена, погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од „слободниот свет“. Затоа осмото издание на фестивалот ќе се одржи со Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес кон слободата, велат организаторите.

Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на Иван Бакрач. Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“ чиј победник го избира публиката.

Прочитајте и:  ,,Искра” на Летната сцена на Домот на културата Браќа Миладиновци во Струга

Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат. Во едукативниот дел од фестивалот ќе има два мастеркласови, како и една дискусија за филм на тема ,,Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот.

Музичката програма оваа година е посветена на македонската музика. Фестивалот ќе го отворат Фолтин со целовечерен концерт, а ќе го затвори групата Искра, која со себе носи информации од иднината. 

Drim Short 2024 ќе биде реализиран во соработка со Министерството за култура, Форум ЗФД Скопје, Europe House Struga, НУЦК Браќа Миладиновци – Струга, Хотел Дрим, Струшки вечери на поезијата, Мезе бар Кингстон и Мезе бар Барабар. Медиумски покровители на фестивалот и оваа година се Play Radio и Филм+. 

- Реклама -