Лишено од слобода лице заради тешка кражба во Гостивар

Вчера (22 јули) во 09.15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Ј.М.(39) од Добридол, поради сомнение дека извршил „тешка кражба“ на подрачјето на Гостивар.

„Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и ќе бидат вратени на сопственикот. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.“, соопшти МВР.

Извор