„Mattel“ ја лансираше првата слепа Барбика


Производителот на играчки „Mattel“ ја произведе првата слепа Барбика, најновиот додаток на растечката колекција на инклузивни кукли на компанијата, објави во вторникот dpa.

Новата кукла, издадена од „Mattel“ по повод 65-годишнината од појавата на глобално славната кукла, освен што претставува слепа жена, има карактеристики кои им овозможуваат на децата со оштетен вид да играат.

Доаѓа со бел бастун, очила за сонце, текстурирана ткаенина, велкро прицврстувачи на облеката и зглобови на лактите, за најудобна употреба на бастунот.

Нејзината глава е насочена нагоре и настрана за да го одразува погледот често карактеристичен за слепите луѓе.

Ова најново издание на куклата Барби е само најновото во низата инклузивни кукли. Претходно беа дизајнирани барбики со оштетен слух, барбики со Даунов синдром и барбики во инвалидска количка.

- Реклама -