Виз Ер Скопски Маратон: Пријавени се учесници од 44 земји, искористете го вториот бран за пријавување и бидете дел од најдобрата маратонска приказна


На 06.10.2024 со старт од 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и најмасовна атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски Маратон. Пријавувањето започна уште во март, односно на 28.03.2024 и ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот.

Заинтересираноста е огромна и досега пријавени се учесници од 44 земји. Вториот бран на пријавување и плаќање котизација е веќе во тек и ќе трае до 25.07.2024, а ден потоа цените за учество се менуваат.

Трката има ограничен број на учесници и доколку се пополни предвидениот број на учесници, пријавувањето може да се затвори. Затоа доколку сакате да бидете дел од најдобрата маратонска приказна Виз Ер Скопски Маратон, искористете го вториот бран на пријавување –  http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.

Учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон – ЕУ за спорт и трката на 5км. За повеќе информации поврзани со условите за учество, посетете ја официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон на следниот линк: – http://skopskimaraton.com.mk/uslovizaucestvo.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA) и АФСМ.

Организатор на Виз Ер Скопски Маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК „Работнички“и АК „Скопски Маратон“, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе бидат испратени во период од 10 до 20 Октомври 2024 по пат на електронска пошта.

- Реклама -