Се продаваат очилата кои Ленон му ги подарил на посетител на студиото „Abbey Road“


Очилата со заоблена рамка и со сини сочива, кои Џон Ленон му ги подарил на маж за време на посетата на студиото „Abbey Road“ каде што снимале легендарните The Beatles, ќе се продаваат на наддавање.

Очилата во препознатливиот стил на Џон Ленон му биле дадени на човекот кој бил во студио со девојка во 1968 година, а се очекува да бидат продадени за цена меѓу 2.000 фунти и 3.000 фунти, или до околу 3.500 еввра. Не е јасно кому овие очила всушност припаѓале.

„Младиот човек ги видел очилата на клавирот и отишол да ги подигне, но неговата девојка во тоа време му рекла да ги остави, на што Ленон рекол ‘во ред е, може да ги земе’“, изјави портпаролката на аукциската куќа Catherine Southon.

Очилата ќе се продаваат заедно со колекција од 33 црно-бели фотографии направени на студиото „Abbey Road“ во 1968 и 1969 година, од кои некои се направени на денот на изавањето на насловната страница на албумот на „бубачките“, на кој се гледа како членовите на бендот поминуваат на пешачки премин пред студиото.

Фотографиите, вклучително и некои на кои се појавуваат Пол Макартни, Џорџ Харисон, Џорџ Мартин и Ринго Стар, ќе се продаваат заедно со авторски права за помеѓу 200 и 300 фунти.

Аукцијата ќе се одржи на 31-ви јули во голф-клубот „Farleigh“ во Сари на југоистокот на Англија.

- Реклама -