Стив Џобс ги предвиде ВИ четботовите уште пред 40 години

Понекогаш најдобрите идеи не значи дека се нови идеи. Дури и најактуелната технологија во моментов – четботови поддржани од генеративна вештачка интелигенција е нешто што покојниот Стив Џобс го споменуваше уште пред 40 години.

Новата дигитална изложба од архивата на Стив Џобс содржи и снимка од негова презентација во 1983 година на Меѓународната конференција за дизајн во Аспен. Таму, основачот на Епл зборува за нова технологија која ќе може да одговара на прашања и да размислува како човек. Според него, тоа е природниот наследник на книгите.

Според Џобс книгите се феноменална работа, која ја пренесува информацијата од изворот до дестинацијата без посредници, но проблемот е што не може да има двонасочна интеракција.

„Ако погледнеме во следните 50 до 100 години ако можеме да направиме такви машини што ќе може да го доловат основниот дух, или основниот сет на принцпи и начин на гледање на светот кога следниот Аристотел ќе дојде и ќе користи една од овие машини цел живот и ќе запишува работа, па кога ќе умре ќе можеме да ја прашаме машината ‘Што би рекол Аристотел на ова?’“.

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

Поминаа 40 години од овој говор на Стив Џобс и светот изгледа дека е на вистинскиот пат за да ги развие таквите машини. Компаниите за вештачка интелигенција тренираат четботови како ChatGPT со податоци од книги и други извори за да одговараат токму на такви прашања какви што очекуваше Џобс. Засега, ваквите ботови понекогаш се точни, понекогаш не, како што предвиде и Џобс, но тие се нов начин за интеграција со луѓе, идеи и историја.

Извор: Бизис Инсајдер

- Реклама -