„Генеза на хроничната мистерија“ во Домот на Клутурата во Прилеп

На 23 јули во „Сцена105“, театарското студио на Домот на Клутурата во Прилеп ќе се отвори мултимедијалниот прект „Генеза на хроничната мистерија“ на Емил Солески.

Се работи за мултимедијален триптих, алегорија за губењето на идентитетот

„Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако треба. Ликовно-просторниот експеримент е фантастична дијагонала на „архаичниот“ и дигиталниот идентитет“ се вели во најавата за настанот.

Концептот предвидува просторна видео интервенција и тарнсформација, барање нова визија на веќе виден простор.

Триптихот ќе се формира со проекција на видео-аудио материјал врз просторно поставени архајски форми:

Три архаични форми, ликовни метафори: 

Распаднато огниште – ликовна метафора за празен дом, градови, села, земја; 

Кантар, паланза без тег – ликовна метафора за строгото критичко оценување на немањето рамнотежа во природните, општествените, социјалните односи, принципи, тежнеења, закони;

Празна лулашка – ликовна метафора за негрижата и изгубеното наследство, природно, национално, културно-историско; 

Да се гледа низ призмата на објективното, или да се направи ново, субјективно доживување.

- Реклама -